„Соколите“ максимално осоколени ќе пробаат да го освојат „Јане Сандански“ и да се доближат до титулата!

Фантастичната игра и лесната и убедлива победа во вториот финален натпревар со која изедначија на 1-1 во финалната плејоф-серија, максимално ги осоколи кошаркарите на Карпош Соколи пред вечерашната трета пресметка со МЗТ Скопје, која ќе се одигра на теренот на противникот (сала „Јане Сандански“) со почеток во 19 часот.

„Соколите“ имаа голема шанса да направат „брејк“ и на првото гостување во Аеродром, но попуштија во финишот, нешто што ќе се обидат да го избегнат на вечерашниот дуел. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, а мотивираноста се граничи дури и со фанатичност.

Без разлика на тоа што се случуваше во првите две средби од финалето, сето тоа треба да се заборави и фокусот да се насочи само кон тоа што претстои. Било какви прогнози во вакви пресметки се неблагодарни, иако на некој начин секогаш во блага предност е екипата која победила на последниот натпревар. Но, повторно ќе кажам дека е неблагодарно однапред да се го вори што ќе биде или да се прогнозира ваков финален дуел, кој сам по себе секогаш носи посебна приказна. Психофизичката подготвеност одново ќе биде клучен фактор, а екипата која подобро ќе го искористи одморот и поадекватно се подготви за мечот ќе биде во блага предност. Вечерашната средба е важна за двата тима, но не и решавачка за серијата во која многу работу уште можат да се случат. Серијата се игра до три победи, а во моментов е 1-1 што значи дека многу опции се во игра. Не очекувам посебни изненадувања, а натпреварот ќе го реши оној кој има похрабри и помотивирани кошаркари. Се надевам дека тоа ќе биде Карпош Соколи, но да видиме како ќе помине вечерашната пресметка“, изјави тренерот Драган Николиќ.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија