„Соколите“ го пречекуваат Работнички, тренерот Николиќ верува во добра игра и нова голема победа!

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва го пречекуваат тимот на Работнички (18 часот, сала „Борис Трајковски“, во вториот меч од полуфиналната плејоф-серија во која водат со 1-0 благодарение на „брејкот“ направен во првиот дуел кој поради проблемите на трибините почна завчера, а заврши синоќа.

Според тренерот на „соколите“, Драган Николиќ, двете екипи одлично се познаваат, а до триумфот на вечерашниот дуел поблиску ќе биде екипата чии играчи чувствуваат помал замор.

Ова е помалку неочекувана ситуација кога играме трет ден по ред, па единствено што синоќа можев да им кажам на играчите беше дека ќе се видиме во соблекувалната на состанок на нецел час пред денешната пресметка. Ова е исклучително важна средба во серијата, но дефинитивно не одлучувачка иако сме свесни за нејзиното значење и за тоа што може да ни донесе победата. Очекувам добар и квалитетен натпревар, што сигурно е важно за македонската кошарка.

Со Работнички се познаваме повеќе од добро, а екипата која денеска ќе биде помалку уморна од другата ќе биде во голема предност. Првиот дуел е веќе заборавен и мислите ни целосно насочени кон вечерашната пресметка. Задоволен сум од тоа што го одигравме претходно, но секако има простор за исправки, кои верувам дека ќе ги направиме и ќе дојдеме до и тоа како посакуваната победа“, вели Николиќ.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија