Физичка и ментална хигиена

 

Со играњето на баскет, или било која друга ‘‘улична‘‘ игра, се води грижа за правилно физичко и ментално развивање на младите. Од физички аспект, со самиот факт што децата не се на компјутер (во седечка, во голем број од случаите, неправилна положба на седење), и се во постојано движење за време на играта, децата го одржуваат своето тело во добра физичка кондиција и се развиваат побрзо и поправилно од останатите кои што не вежбаат односно кои што не се занимаваат со спорт. На подолгорочен план, генерациски доколку спортот се практикува редовно, доаѓа до развивање на ‘‘спортска нација‘‘ односно се повеќе се раѓаат деца со генетски предиспозиции да станат спортисти. Таков пример имаме и во нашето опкружување ( Р. Србија) каде што огромен е процентот на млади кои што се занимаваат со спорт (аматерски или професионално) и се карактеризираат со голем број на меѓународни спортски успеси на индивидуално и колективно ниво, и со право се нарекуваат ‘‘спортска нација‘‘ . Од друга страна, децата учат за колективниот дух, другарството, несебичноста, како особина која е многу важна во колективните спортови, ја употребуваат логиката како инструмент за надмудрување, и на крај, се развива победнички менталитет кај децата, што повторно на долгорочен план, е бенефит за државата бидејќи после одреден период добива епитет ‘‘победнички нација‘‘. Со сите овие наведени карактеристики доаѓа до ментално развивање кај младите, но на правилен начин.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија