Прекинат мечот во „Градски парк“, последната четвртина ќе ја доиграме утре од 19 часот!

Фрлањето тврди предмети и плукање од трибините, нешто на кое нашиот тим е подложен при секое гостување во „Градски парк“, се причините поради кои во 30. минута беше прекинат вечерашниот дуел на Карпош Соколи и Работнички при резултат 67-60 за „соколите“.

Судиите претходно за истата работа ги опоменаа присутните во салата, а на крајот од третиот период поради истиот прекршок побараа празнење на трибината на која вообичаено седат најгласните фанови на центарци. Откако и по еден час тоа не беше сторено, на делителите не им остана ништо да го прекинат натпреварот, чие доигрување веднаш беше закажано за утре во 19 часот, но без гледачи на трибините.

По одиграние три четвртини, најефикасни во нашиот тим се Бојан Трајковски и Драган Лабовиќ со по 14 поени додека Драган Зековиќ реализира 12 поени.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија