Николиќ: Шампионскиот трофеј би бил круна на ионака фантастичната сезона за Карпош Соколи!

Кошаркарите на Карпош Соколи изминативе денови направија нешто што досега никому не му успеало во македонската кошарка, а тоа е со чисти 3-0 да го елиминираат Работнички во една плејоф-серија и тоа со две победи на жешкиот терен на противникот во салата „Градски парк“.

„Соколите“ беа доминанти во секој сегмент од играта и во ниту еден момент не му дозволуваа на ривалот да помисли дека би можел да изненади и да се пласира во плејоф-финалето. Карпошовци се свесни за квалитетот и искуството со кој сезонава располага Работнички поради што успехот е уште повреден и посладок.

Веднаш по третиот триумф над Работнички и пласманот во плејоф-финалето на играчите во соблекувалната им реков дека треба да бидат горди бидејќи остварија огромна кошаркарска победа на денот кој важи за еден од најголемите во историјата на човештвото, а тоа е триумфот над фашизмот. Среќен сум што датумот 9 мај ќе биде запишан и во историјата на Карпош Соколи, бидејќи за првпат се доби шанса да атакуваме на титулата. Победивме екипа во која настапуваат родени победници, а тоа не е мала работа. Успехот на моите играчи е уште поголем ако се знае дека е елиминарн тим во кој играат имиња како Илиевски, Чековски, Мираковски, Тасовски, кошаркари со ’милион’ титули, огромно педигре и искуство. Кошарката во сите три средби беше на високо ниво, на задоволство на целата македонска спортска јавност“, анализира тренерот Драган Николиќ.

Со елиминацијата на црвено-белите од „Градски парк“, екипата на Карпош Соколи за првпат во историјата се избори за шанса да се бори за шампионската титула и тоа со добро познатиот ривал, МЗТ Скопје Аеродром. Серијата почнува в недела во „Јане Сандански“, екипите наизменично се менуваат во улогата на домаќини, а се игра до три победи.

Ова ќе биде првпат во историјата на македонската кошарка во големото финале ќе играат две АБА-лигашки екипи, што воедно гарантира квалитет, возбудливост и голема неизвесност до крајот на серијата. И Карпош Соколи и МЗТ Скопје ја остварија основната цел во регионалното натпреварување, а тоа е опстанокот и сега ќе се обидат сезоната да ја завршат на најдобар можен начин – со шампионскиот трофеј. Иако јас лично потајно би сакал серијата да се игра до крај, а првакот да биде решен дури во ’мајсторката’ со цел јавноста да ужива во пет фантастични натпревари, сепак, нормално е што сите во тимот сонуваме да дојдеме до пехарот на најкус можен. Ова е посебен дуел во кој не важат досегашните законитости и статистика, во кој ќе решаваат малите работи и ситници на кои досега можеби и не сме обрнувале внимание“, дополнува стратегот на екипата од скопската општина Карпош.

Зад „соколите“ е веќе успешна сезона со одличен дебитантски настап во АБА-лигата како и освоен пехар во Купот на Македонија. Но, тоа ниту за тренерот и играчите ниту за останатите во клубот не е доволно, туку се посакува и главната награда - шампионскиот пехар.

Финалето го пречекувам растоварено бидејќи добро ги познавам можностите на своите играчи и сигурен сум дека има уште сила и енергија во нив да направат уште еден историски успех. Зад нас се два фантастични успеха, добриот настап во АБА по навистина лошиот старт и низата од дури осум порази како и триумфот во Купот на Македонија, нешто што само по себе ја дава успешен карактер на периодот кој е зад нас. Освојување на шампионскиот пехар само би било шлаг на тортата односно круна на една фантастична сезона за Карпош Соколи, дефинитивно најуспешна во досегашната клупска историја“, завршува Николиќ.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија