ИСТОРИЈА: Карпош Соколи првпат ќе игра за освојување на шампионската титула!

Со смирена и концентрирана игра во текот на сите 40 минути, кошаркарите на Карпош Соколи вечерва вторпат по ред како гости го совладаа тимот на Работнички (76-65) за конечни 3-0 во полуфиналната плејоф-серија и историски прв пласман во големото финале.

„Соколите“ одиграа мудро, знаеја што сакаат и во ниту еден момент не му дозволија на искусниот противник да се понадева дека може да направи нешто повеќе. Константно се одржуваше предноста од 6-12 поени за мирен финиш и сигурен и наполно заслужен триумф.

Бојан Трајковски беше централната фигура на средбата и најдобар поединец во редовите на карпошовци со учинок од 21 поен и осум скока. Одлични беа и Дарко Соколов со 14 поени и седум скока и Драган Лабовиќ со 13 поени.

Во битката за шампионската титула, екипата на Карпош Соколи ќе се сретне со МЗТ Скопје, а првата средба ќе се одигра најверојатно в недела во „Јане Сандански“.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија