Враќање на баскетот како спортска дисциплина

Баскетот е основна клетка на кошарката како целина, и претставува фундамент и прво осознавање на кошарката во најраните години кај младите. Првиот контакт со правилата и тајните на кошарката децата го имаат токму преку баскетот. Неговата слободна форма (нема надзор и инструкции од стручно лице) дозволува да се развие фантазијата и креативноста кај децата а со тоа и да се развиваат на кошаркарски план. Исто така, баскетот претставува прв контакт и запознавање на младите со колективно функционирање во еден спорт, односно за прв пат се среќаваат со терминот тим (екипа). Со години наназад, што поради развојот на технологијата (компјутери, мобилни телефони), што поради недоволната грижа и внимание од страна на родителите, баскетот и сите други спортски игри се помалку се присутни на спортските терени, маалските кошеви и голови, училишните дворови, улиците... Преку овој проект КК КАРПОШ СОКОЛИ во соработка со ОПШТИНА КАРПОШ сака да го врати баскетот на сите овие места, и повторно да доаѓа џагор од игралиштата и улиците, а со тоа децата ќе се ориентираат на правилен физички и ментален развој а се помалку ќе го трошат своето време на компјутери, мобилни телефони и видео игри. Со играње баскет на најмала возраст, младите многу полесно можат да се усовршуваат и да се занимаваат со професионална кошарка понатаму во животот, отколку да почнат директно со организирани тренинзи во професионалните клубови.

Сениори 2012/2013

  • Дарко Соколов
  • Горан Врбанц
  • Драган Лабовиќ
  • Драган Зековиќ
  • Зоран Вркиќ
  • Доминик Мавра
  • Иван Сапунџиев
  • Душан Кнежевиќ
  • Кендрик Пери
  • Игор Пенов
  • Дамјан Јакимовски
  • Филип Бакоч

Галерија